Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило!
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, седуммина ( по двајца во Скопје, Росоман и Куманово и еден во кавадаречко) управувале возило без возачка дозвола. Поради возење под дејство на алкохол лишени од слобода се петмина возачи ( во Кавадарци, Свети Николе, Неготино, Гевгелија и на автопатот Велес-Градско), а двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило!
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Путин воведе забрана за извоз на бензин
Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека Русија…
Почина пејачот Владо Јаневски на 66-годишна возраст
Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски…
Мицкоски: Современиот патриотизам се докажува со инвестиции,…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќање…
Бројот на загинати израелски војници во Либан…
L Израелската армија денеска соопшти дека уште…