Приведени две лица од Кичево, едно лице избодено со нож

t

На 04.01.2026 во 14:45 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода А.А.(45) и Ј.Д.(36), двајцата од Кичево.

Тие се сомничат дека околу 13:30 часот, кај месноста „Сеферов бунар”, во близина на селото Трапчин дол, кичевско, по претходна расправија, со нож го нападнале и му нанеле убодни рани на Б.А.(38) од Кичево.

Тој, по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите е пренесен во Градската општа болница „8 Септември” во Скопје.

При претреси во нивните домови, извршени по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција пронајдоа ножеви, додека кај Ј.Д. се пронајдени шприц исполнет со течна кафеава материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени две лица од Кичево, едно лице…

На 04.01.2026 во 14:45 часот во Кичево,…

Воздухот во Кичево под прагот на алармирање,…

Од денеска престануваат да важат мерките и…

Тешка сообраќајка во Кичево, повредено е 6-годишно…

МВР информира дека вчера попладне во 17:10…

Полицијата упадна на настап на Џејла Рамовиќ…

На 29/30.11.2025 од страна на ОВР Кичево…

Кривична пријава за ексградоначалникот на Кичево, Фатмир…

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот…