Тешка сообраќајка во Кичево, повредено е 6-годишно девојче од Зајас

t

МВР информира дека вчера попладне во 17:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на крстосница помеѓу регионалниот пат за с. Осломеј и ул. „Загорје“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Џ.(31) од с. Зајас, кичевско и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(23) од с. Стрелци, кичевско, при што настанал пожар во возилото „форд“.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот е изгаснат.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила шестгодишна сопатничка од с. Зајас од возилото „форд“, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

Автомобил удрил во човек во инвалидска количка

На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…

Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…

На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…

Тетовец возел со три промили алкохол во…

На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…

Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…