Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на докази од одбраната.
На минатото рочиште заврши изведувањето на доказите на Јавното обвинителство. Изведени беа 1.390 материјални докази и сослушани 45 сведоци и пет вешти лица.
Одбраната, како што е најавено, има предложено 244 сведоци.
Притворот на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко законски истекува на 3 октомври, а одбраната веќе најави дека ќе поднесе гаранција во имот од речиси 200 илјади евра, иако тоа не е задолжително.
Судот, како што посочија на вчера на брифинг во Кривичен, без мислење од Обвинителството не може да донесе одлука.
– До денеска не се вратени од ОЈО. Нема мислење и ние не можеме да одлучиме. На 3 октомври истекува. Ќе почекаме до петок – информираа на брифинг во Кривичниот суд.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“…
Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен…
Кина го ограничува извозот на горива: нов…
Кинеските рафинерии ги запреле испораките на нафтени…
Трамп за забраната за извоз на дизел:…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја остава отворена…
Инфлацијата повторно забрзува во Европа: расте притисокот…
Септемвриските податоци покажуваат ново забрзување на инфлацијата…
Американските нафтени компании предупредуваат: Дизел-кризата може да…
Кризата со дизелот во САД нема брзо…