Продолжуваат протестите во Сраево по трамвајската несреќа – демонстрантите објавија конкретни барања
За денеска напладне е закажан нов собир на граѓани по трагичната трамвајска несреќа во која 23-годишно момче го загуби животот, додека 17-годишно девојче е тешко повредено, пренесува Слободна Босна.
Во повикот за протести, повикани се средношколците и студентите да се соберат пред Националниот музеј на Босна и Херцеговина. Организаторите велат дека е важно да се покаже единство, меѓусебна поддршка и солидарност.
Тие нагласуваат дека младите денес, наместо во училишните клупи, треба да бидат на улица и со тоа да испратат порака до одговорните. Протестни собири во Сараево се одржуваа изминатите три дена.
Неформална група студенти, која стои зад организацијата, објави список со барања на Инстаграм профилите „hocel.ta.promjena“ и „pravda.promjena.ba“.
Се бара објавување на целосни и комплетни информации за истрагата, вклучувајќи податоци за трамвајскиот сообраќај и снимки од камерите на трамвајот во времето на несреќата.
Целосно повлекување на сите стари трамваи додека не се изврши нивно повторно сервисирање и јавно објавување на податоците за нивната исправност. Потоа на списокот се оставките на сите одговорни во системот за јавен превоз и за изградба на безбеден и квалитетен превоз во градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжуваат протестите во Сраево по трамвајската несреќа…
За денеска напладне е закажан нов собир…
Премиерот на Сараевскиот кантон поднесе оставка по…
Премиерот на Кантонот Сараево, Нихад Ук, денес…
Протест во Сараево – „Ако нè убиете…
Илјадници луѓе се собраа денес во Сараево…
Грчките фармери денес на протест пред Парламентот
Фермери од цела Грција ќе се соберат…
Трамвај излета од шините во Сараево: Една…
Една личност загина, а повеќе се повредени…