Пронајдени 15 лица мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари

t

Нa 04.11.2025 околу 20:00 часот во близина на ловиште „Погана“, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.Ј.(37) од Кaвадарци.  

Претходно, на местото, полициските службеници забележале група oод 16 лица мигранти(13 од Египет, двајца од Турција и еден од Сирија) и во нивна близина е затекнат Д.Ј. со возило „шевролет каптива“ со кавадаречки регистарски ознаки. При преземање мерки констатирано е лицето од Сирија Х.А.(28) му помагало на Д.Ј., односно со другите лица илегално ја преминале државната граница и ги спровело до местото. Исто така, при преземање на мерки, констатирано е дека регистарските таблички од возилото се пријавени за украдени, односно припаѓаат на друго возило.
Мигрантите се спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а возилото е одземено. Д.Ј. и Х.А. се задржани во полициска станица, известен и јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени 15 лица мигранти во гевгелиско, приведени…

Нa 04.11.2025 околу 20:00 часот во близина…

Цеца за бугарското знаме во Велес: Не…

Настапот на српската пејачка Светлана Ражнатовиќ во…

Унгарски аналитичар: Зеленски треба да престане да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да престане…

16 приговори до ДИК по вториот круг…

До денеска претпладне, Државната изборна комисија (ДИК)…

Вреди ќе добие уште еден министер, кадрите…

Нема датум кога би се направила владината…