Пронајдени 15 лица мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари

t

Нa 04.11.2025 околу 20:00 часот во близина на ловиште „Погана“, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.Ј.(37) од Кaвадарци.  

Претходно, на местото, полициските службеници забележале група oод 16 лица мигранти(13 од Египет, двајца од Турција и еден од Сирија) и во нивна близина е затекнат Д.Ј. со возило „шевролет каптива“ со кавадаречки регистарски ознаки. При преземање мерки констатирано е лицето од Сирија Х.А.(28) му помагало на Д.Ј., односно со другите лица илегално ја преминале државната граница и ги спровело до местото. Исто така, при преземање на мерки, констатирано е дека регистарските таблички од возилото се пријавени за украдени, односно припаѓаат на друго возило.
Мигрантите се спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а возилото е одземено. Д.Ј. и Х.А. се задржани во полициска станица, известен и јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…

Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…

Италија сака да воведе данок за богатите…

Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…

Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…

Украина ќе добие нов пакет воена помош…

Зеленски предложи зимско примирје со Русија за…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека растечкото…

Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…

Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…