Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, лишен од слобода кумановец што ги превезувал
На 09.02.2026 во 04:15 часот на автопатот ,,Пријателство“, во правец од Скопје кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово.
При вршење на мотопатролна дејност, полициските службеници запреле патничко возило „фиат браво“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршен преглед во возилото, било констатирано дека превезувал 4 лица-мигранти, двајца од Непал и по еден од Индија и Пакистан. Н.С. е задржан во полициска станица, а мигрантите се пренесени во Транзитниот центар Табановце и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, лишен…
На 09.02.2026 во 04:15 часот на автопатот…
ОЈО ГОКК: Сѐ уште трае акцијата за…
Во рамките на опсежната акција што се…
Трагедија во Егејското Море: 15 загинати и…
Бројот на загинати по сударот на чамец…
Гранати од Првата светска војна пронајдени при…
По пријава од физичко лице, екипа на…
Ќе удри утринската зора и за нас!…
Во земјава денеска се одбележуваат 154 години…