Протест во Приштина за поддршка на водачите на ОВК, пред пресудата во Хаг – на собирот беше и Али Ахмети

t

Во Приштина се одржа марш за поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, организиран од платформата „Слободата има име“.

Со знамиња на Ослободителната војска на Косово граѓаните кои учествуваа во „Маршот за слобода“ дадоа поддршка за поранешните лидери на ОВК на кои моментално им се суди во Хаг – Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. Во говорите одржани за време на маршот се повикуваше на правда и на нивно враќање во Косово. Беше кажано дека „ОВК се кренала против угнетувањето и дека нејзината борба не смее да биде предмет на ревизија преку судски постапки“.

Пресудата за поранешните водачи на ОВК ќе биде изречена на 16 септември пред Специјализираниот совет во Хаг, а на плоштадот во Приштина е поставен часовник што го одбројува времето до пресудата. Обвинителството бара секој од нив да добие казна затвор од 45 години.

Тие се во притвор во Хаг од ноември 2020 година. Обвинети се за прогон, убиство, мачење, злоставување и исчезнување на луѓе за време на војната во Косово во 1998 и 1999 кога биле убиени повеќе од 100 политички противници и претпоставени соработници на српските безбедносни сили, а стотици биле злоставувани во 50-ина логори управувани од ОВК.

На маршот присуствуваше и претседателот на ДУИ Али Ахмети, кој на Фејсбук напиша дека “народот во Приштина јасно ја кажал својата пресуда за Тачи, Весели, Красниќи и Селими – да бидат прогласени за невини“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест во Приштина за поддршка на водачите…

Во Приштина се одржа марш за поддршка…

Седуммина осомничени за фалсификување возачки дозволи во…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Остри реакции во Белфаст по изјавите на…

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска…

ЦИА декласифицираше 71 документ: Нов увид во…

Американската Централна разузнавачка агенција објави 71 декласифициран…

Израелските медиуми тврдат дека Иран ќе тестира…

Повторно се засилуваат тензиите околу иранската нуклеарна…