Протест во Тирана, со барање за оставка од Рама и преодна техничка влада
Организаторите на протестот што се одржува во Тирана објавија список на барања упатени до албанската влада, вклучувајќи формирање на преодна техничка влада и спроведување на сеопфатни уставни реформи, како и повторено барање за оставка од албанскиот премиер Еди Рама.
Учесниците на протестот изјавија дека собирите ќе продолжат мирно сè додека не бидат исполнети барањата, објавуваaт албанските медиуми.
Во соопштението прочитано во име на организаторите се наведува дека главното барање е „безусловна оставка на премиерот и владата“, по што ќе се формира непартиска преодна влада со мандат од 12 месеци.
Според организаторите, пакетот барања вклучува и уставни измени што би обезбедиле еднаквост на сите граѓани пред законот, што би се потврдило на референдум.
Меѓу предлозите е ограничување на мандатот на премиерот на максимум два мандата. Демонстрантите бараат и укинување или поништување на неколку законски иницијативи, вклучувајќи измени на законот за заштитени подрачја и законот за културно наследство.
Организаторите, исто така, предложија усвојување на „нов општествен договор“ меѓу граѓаните и државата, кој, велат тие, треба да се изготви по консултации со експерти, интелектуалци и граѓани.
Демонстрантите велат дека митингот е дел од пошироко граѓанско движење кое бара политички и институционални промени во Албанија.
Некои демонстранти изразија загриженост за економската и социјалната состојба во земјата, посочувајќи на ниските плати и високите трошоци за живот, обвинувајќи ја владата дека спроведува, според нив, „политика на депопулација“.
Албанија со недели се соочува со постојани протести, наречени „Револуција на Фламинго“, предизвикани од контроверзен проект кој вклучува планирана изградба на луксузен туристички комплекс поврзан со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.
Демонстрации се организирани и во албанската дијаспора во САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Шведска и Австралија.
Демонстрантите бараат прекин на проектот, укинување на законот за стратешки инвестиции и промени во прописите за заштитени подрачја, како и оставка на премиерот Рама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протест во Тирана, со барање за оставка…
Организаторите на протестот што се одржува во…
Јапонија ќе има резервен главен град
Јапонската премиерка Санае Такаичи ја објави својата…
Алиу: Владината реконструкција е доказ дека нема…
Министерот за здравство Азир Алиу во вечерашното…
Масакр во белградски бар: Еден убиен, еден…
Едно лице е убиено, а друго е…
Бугарија повторно ќе произведува автомобили
Бугарија го обновува производството на автомобили, станувајќи…