Објавено на:

Пукано кон објект на фирма во Тетово: Пронајдени 11 чаури, оштетени објект и неколку возила

t

Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила, информира Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, случајот бил пријавен на 17 јули од 42-годишен жител на Тетово, кој пријавил дека во текот на ноќта било пукано кон објектот на неговата фирма.

По пријавата, полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, при што биле пронајдени 11 чаури од огнено оружје. Воедно, биле констатирани оштетувања на објектот, како и на неколку возила кои се наоѓале во близина.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, идентификување на сторителите и утврдување на мотивите за нападот.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за инцидентот, а истрагата е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукано кон објект на фирма во Тетово:…

Непознати сторители со огнено оружје пукале кон…

Се превртел багер во Гостивар, тешко повреден…

Триесет и осумгодишен маж се здобил со…

Студентските домови со нови цени: „Стив Наумов“…

Министерството за образование и наука го објави…

Хрватска размислува за привремено суспендирање на системот…

Хрватска може привремено да ја суспендира примената…

Вучиќ: Ќе ги признаеме резултатите од изборите,…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…