Пукано кон објект на фирма во Тетово: Пронајдени 11 чаури, оштетени објект и неколку возила
Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила, информира Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, случајот бил пријавен на 17 јули од 42-годишен жител на Тетово, кој пријавил дека во текот на ноќта било пукано кон објектот на неговата фирма.
По пријавата, полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, при што биле пронајдени 11 чаури од огнено оружје. Воедно, биле констатирани оштетувања на објектот, како и на неколку возила кои се наоѓале во близина.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, идентификување на сторителите и утврдување на мотивите за нападот.
Засега не се соопштуваат повеќе детали за инцидентот, а истрагата е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…