Пукање во Скопје: Двајца на мотоциклисти пукале кон паркиран автомобил

t

Рано утрово во Сарај се случил вооружен инцидент, откако од мотоцикл биле испукани неколку куршуми кон паркирано патничко возило во кое се наоѓале две лица.

Според пријавеното во полиција, околу 4 часот Р.З. (25) од скопското село Глумово пријавил дека додека заедно со негов другар биле во паркирано возило во Сарај, до нив се приближиле две лица со мотоцикл.

Едното од лицата извадило огнено оружје и испукало неколку куршуми кон автомобилот, при што возилото било оштетено.

За среќа, во инцидентот нема повредени лица.

Полицијата презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на идентитетот на лицата кои учествувале во инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во Скопје: Двајца на мотоциклисти пукале…

Рано утрово во Сарај се случил вооружен…

Дрска кражба во Центар: Скопјанец побарал помош…

Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, С.С.(35)…

Радовишката Пожарна преку интернет-кампања собира донации за…

Територијалната противпожарна единица од Радовиш, во екот…

74-годишен кривопаланчанец уапсен во Кратово – возел…

Вчера во 14:30 часот на улицата „Гоце…

Кај затвореник во „Идризово“ пронајдени 27 пакувања…

Кај осуденик во затворот „Идризово“ пронајдени 27 пакувања…