Радовишката Пожарна преку интернет-кампања собира донации за камион
Територијалната противпожарна единица од Радовиш, во екот на сезоната на шумски пожари, преку социјалните мрежи извести дека почнува кампања за собирање донации за нов противпожарен камион, која е веќе достапна онлајн на страницата „GoFundMe“
„Почитувани Радовишани и Македонци ширум светот,
Денес официјално ја започнуваме GoFundMe кампањата за обезбедување на противпожарно возило за ТППЕ Радовиш. Ве повикуваме да ја поддржите оваа хумана иницијатива, без разлика дали сте од Радовиш, од друг град или живеете во дијаспората. Секоја донација, без оглед на износот, е од огромно значење и нè доближува до нашата заедничка цел. Доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете ја кампањата со вашите пријатели и познаници, за да стигне до што повеќе хумани луѓе. За донаторите од Швајцарија е овозможена донација и преку TWINT, со користење на QR-кодот кој се наоѓа во линкот и сликите. Заедно можеме да направиме вистинска разлика и да помогнеме ТППЕ Радовиш да добие возило кое ќе служи за заштита на сите граѓани. Ви благодариме од срце за секоја донација, секое споделување и секоја поддршка!“, пишуваат радовишките пожарникари во објавата.
Во моментот на објавувањето на оваа вест, тие од седум поединечни донации имаа собрано 562 евра од посакуваните 13.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Масовен украински напад со над 1.000 дронови…
Украина започнала масовен воздушен напад врз Русија…
Тројца турски државјани осомничени за обид за…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Во протестите во Тирана 272 повредени, а…
Вкупниот број повредени во протестите во Тирана…
Мирчев го обвини Радев за молк за…
Бугарскиот пратеник Ивајло Мирчев упати остри критики…
Купувањето стан станува недостижно за Европејците
Купувањето сопствен стан станува сè поголем финансиски…