„Да се ослободи Сергеј Александрович Баздникин од функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“.
Не е соопштена причината за отповикувањето на 58-годишниот дипломат, кој беше амбасадор на Руската Федерација во Македонија од 2018 година. За време на неговиот мандат се случија дипломатски проблеми меѓу двете земји, откако по нападот на Русија врз Украина во 2022 година, Москва протера македонски дипломати поради поддршката на земјава за Украина, а нашето МНР одговори со реципрочни мерки на протерување руски дипломати.
Како што потсетуваат руските медиуми, Путин во септември ги отповика и амбасадорите на Русија во Турција и Узбекистан. Засега нема најава за тоа кој би можел да го замени Баздникин на амбасадорската позиција во Скопје.