Објавено на:

Путин го уверил Трамп: Русија нема апсолутно никакви агресивни планови кон Европа

t

Рускиот претседател Владимир Путин му го претставил на американскиот претседател Доналд Трамп своето гледиште за чекорите што САД би можеле да ги преземат за побрзо прекинување на војната во Украина. Ова го соопшти помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.

Телефонскиот разговор траел точно еден час и бил „конструктивен и исклучително отворен“, изјави Ушаков.

Путин во разговорот со Трамп нагласил дека Русија „нема апсолутно никакви агресивни планови кон Европа“.

Рускиот претседател ја претставил и својата анализа на состојбата на бојното поле, како и перспективите за постигнување на целите што ги поставила Москва.

„Беше посочено и што реално би можеле да направат Американците за побрзо прекинување на воените дејствија“, изјави Ушаков, без да открие детали за предлозите за кои се разговарало.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…