Објавено на:

Путин разговараше со Мадуро, ја поддржа неговата влада

t

Русија и Белорусија се во контакт со венецуелскиот лидер Николас Мадуро, објави денес Ројтерс, додавајќи дека ова, во ситуација кога американскиот претседател Доналд Трамп го зголемува притисокот за негово отстранување, ја зголемува можноста Мадуро да побара засолниште во странство.

Мадуро му рекол на Трамп во телефонски разговор на 21 ноември дека е подготвен да ја напушти Венецуела, под услов тој и неговото семејство да добијат целосна правна амнестија, објавија изворите на британската агенција.

Кремљ потврди дека рускиот претседател Владимир Путин разговарал со Мадуро во четврток и ја повторил својата поддршка за неговата влада во Венецуела, „со цел да ги заштити националните интереси и суверенитетот во време на широк надворешен притисок“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, им изјави на новинарите дека Москва се надева дека Белата куќа ќе спречи сегашната ситуација да се претвори во целосен конфликт, со непредвидливи последици за целата западна хемисфера.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во четврток го одржа својот втор состанок за 17 дена со амбасадорот на Венецуела во Минск, Хесус Рафаел Салазар Веласкез.

Според белоруската државна новинска агенција Белта, Лукашенко му рекол на амбасадорот на 25 ноември дека Мадуро е секогаш добредојден во Белорусија и дека е време тој да ја посети.

Во четврток, Белта го цитираше Лукашенко како го потсетува Веласкез дека на нивниот прв состанок се согласиле да „координираат одредени прашања“ со Мадуро.

„Се согласивме дека по решавањето на одредени прашања, ќе најдете време да дојдете кај мене и повторно да се сретнете за да можеме да донесеме соодветна одлука, што е во наша надлежност. И доколку е потребно, ќе го вклучиме и претседателот на Венецуела“, рече Лукашенко.

Ројтерс побара коментар од кабинетот на Лукашенко за значењето на состаноците и дали Белорусија би била подготвена да му понуди засолниште на Мадуро ако тој се повлече, но не доби одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин разговараше со Мадуро, ја поддржа неговата…

Русија и Белорусија се во контакт со…

Белата куќа: Трамп е многу фрустриран и…

Американскиот претседател Доналд Трамп е „крајно фрустриран“…

Путин соопшти дека Русите го зазеле украинскиот…

Рускиот претседател Владимир Путин и началникот на…

САД би можеле да го напуштат НАТО…

Новата стратегија за национална безбедност на САД…

Орбан наскоро испраќа бизнисмени во Русија за…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…