Објавено на:

Белата куќа: Трамп е многу фрустриран и од Русија и од Украина

t

Американскиот претседател Доналд Трамп е „крајно фрустриран“ и од Русија и од Украина, изјави неговата портпаролка, додека Киев вели дека Вашингтон сè уште врши притисок врз нив да направат значителни територијални отстапки како дел од планот за ставање крај на речиси четиригодишната војна, пренесува АФП.

„Претседателот е крајно фрустриран од двете страни во оваа војна“, изјави Каролин Ливит за новинарите.

„Тој не сака повеќе разговори. Тој сака акција. Тој сака оваа војна да заврши“ вели таа.

Изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски покажуваат дека основната позиција на Вашингтон за тоа како да се стави крај на конфликтот не се променила значително откако тој испрати план од 28 точки до Киев и Москва минатиот месец, што во голема мера и користеше на Русија.

Зеленски потврди дека Вашингтон сè уште го притиска да отстапи територија на Русија како дел од договорот за ставање крај на војната што започна со руската инвазија во февруари 2022 година.

Според Зеленски, Вашингтон бара само Украина, а не Русија, да се повлече од делови од источниот регион Донецк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…