Пуџдемон рече дека ќе се врати во Шпанија, најави нова иницијатива за независност на Каталонија

t

Каталонскиот сепаратист и поранешен регионален лидер Карлес Пуџдемон изјави дека на 12 декември се враќа во Шпанија, со што ќе стави крај на речиси една деценија самонаметнат егзил, откако Врховниот суд го примени Законот за амнестија и ја запре кривичната постапка против него, објави „Ројтерс“.

Пуџдемон, на прес-конференција од Брисел, најави дека на 17 декември ќе претстави предлог за обновување на иницијативата за независност на Каталонија.

Карлес Пуџдемон, во октомври 2017 година, избега во Белгија, откако организираше референдум за независност, кој шпанските судови го прогласија за незаконски. Гласањето ја предизвика најголемата политичка криза во Шпанија во последните неколку децении и ги продлабочи тензиите меѓу Мадрид и Каталонија, богатиот регион во североисточниот дел на земјата, кој има сопствен јазик, култура и силно сепаратистичко движење.

Законот за амнестија, кој парламентот го одобри во 2024 година, беше дел од договорот меѓу Социјалистичката партија на премиерот Педро Санчез и каталонските сепаратистички групи, вклучувајќи ја и партијата „Џунтс“ на Пуџдемон, чија поддршка му овозможи на Санчез повторно да биде избран за премиер во 2023 година.

Конзервативната опозиција во Шпанија безуспешно се обидуваше да ја оспори оваа мерка пред судовите и во парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пуџдемон рече дека ќе се врати во…

Каталонскиот сепаратист и поранешен регионален лидер Карлес…

Нов мигрантски бран на Канарските Острови: речиси…

Речиси 2.200 мигранти пристигнале со чамци на…

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…

Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…

Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…

Украина ќе добие нов пакет воена помош…

Во Шпанија почна тридневна жалост по железничката…

Во Шпанија денеска почна тридневна жалост по…