Радев потврди: Бугарија запира со испорака на оружје за Украина
Владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина, изјави денеска премиерот Румен Радев, јави БТА.
– Како што веќе знаете, владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина – изјави Радев на почетокот на редовната владина седница.
– Веќе дадовме доволно, нашата земја продолжува да трпи социјално-економски штети од оваа крвава војна. Убедени сме дека постигнувањето мирно решение нема да дојде со воени средства, затоа повторно повикуваме на сеопфатен реалистичен пристап и барање дипломатско решение – рече Радев.
Министерот за одбрана Димитар Стојанов вчера изјави дека владата не предвидува испраќање дополнително оружје за украинската армија. Според него, време е да се седне на преговарачка маса и да се бара праведен мир.
Според премиерот, зајакнувањето на владеењето на правото, на демократските институции и на одбранбените капацитети на бугарската армија, а не вложување дополнителни средства во војната, е вистинската инвестиција во европската иднина на земјата. Радев нагласи дека главен приоритет на владата се безбедноста и благосостојбата на бугарските граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев потврди: Бугарија запира со испорака на…
Владата става крај на обезбедувањето вооружување од…
Македонија е меѓу земјите со најдолга работна…
Работниците во Југоисточна Европа и Балканот имаат…
ЕЕС системот ќе ја чини ЕУ МИЛИОНИ…
Европскиот туристички сектор би можел да се…
Сиљановска-Давкова денес во Софија, на маргините билатерална…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе…
Вето за бугарската азбука – монетата од…
Првата бугарска комеморативна монета од 2 евра,…