Македонија е меѓу земјите со најдолга работна недела во Европа
Работниците во Југоисточна Европа и Балканот имаат најдолги работни недели на континентот, покажуваат најновите податоци анализирани од Euronews врз основа на статистики на Евростат. Меѓу земјите со најмногу работни часови неделно се наоѓа и Македонија, која е веднаш зад Грција.
Според податоците за 2025 година, Грција има најдолга просечна работна недела во Европа со 39,6 часа, а веднаш зад неа е Македонија со 39,5 часа неделно. Следуваат Бугарија со 38,7 часа, како и повеќе балкански земји кои се над европскиот просек.
Од друга страна, најкратка работна недела имаат земјите од западна и северна Европа. Најмалку работат жителите на Холандија – 31,9 часа неделно, пред Данска и Германија со по 33,9 часа, како и Австрија со 34 часа неделно.

Македонија меѓу европските рекордери
Со просек од 39,5 работни часа неделно, Македонија се наоѓа на второто место во Европа според должината на работната недела. Тоа значи дека просечниот работник во земјата работи речиси осум часа повеќе неделно од работник во Холандија.
Податоците покажуваат дека земјите од Балканот доминираат на врвот на листата, што се поврзува со структурата на економијата, поголемото учество на самовработени лица и поголемата застапеност на сектори како земјоделството, градежништвото и туризмот.
Во кои професии се работи најмногу?
Според Евростат, најдолги работни недели имаат, земјоделците, шумарските и рибарските работници (42 часа неделно), менаџерите (40,6 часа), вработените во вооружените сили (39,4 часа)
Најкратка работна недела имаат помошните и едноставните занимања (31,8 часа), aдминистративните работници (34 часа), работниците во услужните и продажните дејности (34,5 часа).
Македонците работат многу и за време на викендите
Дополнителна анализа на Euronews покажува дека Македонија е меѓу европските држави со најголем удел на луѓе кои работат за време на викендите, иако во Македонија недела е неработен ден согласно закон. Заедно со Грција и Кипар, земјата е во самиот европски врв кога станува збор за работа во сабота и недела.
Кај вработените лица, повеќе од 30 проценти работат и за време на викендите, што е значително над европскиот просек.
Големи разлики меѓу Европа
Истражувањето покажува јасна поделба меѓу југот и северот на Европа. Додека во балканските и медитеранските земји работните недели остануваат долги, државите како Холандија, Данска и Германија сè повеќе се насочуваат кон пократко работно време и поголем баланс меѓу работата и приватниот живот.
Експертите посочуваат дека поголемиот број работни часови не секогаш значи и повисока продуктивност. Напротив, дел од земјите со најкратки работни недели се меѓу економски најразвиените во Европа.
Извор: Euronews Business
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија е меѓу земјите со најдолга работна…
Работниците во Југоисточна Европа и Балканот имаат…
ЕЕС системот ќе ја чини ЕУ МИЛИОНИ…
Европскиот туристички сектор би можел да се…
Сиљановска-Давкова денес во Софија, на маргините билатерална…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе…
Филипче: На што ќе се вади сега…
За позитивните пораки од германскиот канцелар Фридрих…
Унгарија ги ограничува дозволите за вработување работници…
Унгарскиот премиер Петер Маѓар го ограничи приливот…