Објавено на:

Радев пред голема победа во Бугарија

t

На неколку дена пред изборите во Бугарија анкетите покажуваат дека коалицијата „Прогресивна Бугарија“ на поранешниот претседател Румен Радев е пред голема победа. Анкетата на „Маркет линкс“ направена заедно со телевизијата бТВ од 7 до 14 април покажува дека „Прогресивна Бугарија“ е прва со 30,8 отсто. Втор е ГЕРБ со 18 проценти, по што следуваат коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) со 11,2, ДПС-Нов почеток – со 6,5 и Преродба со 4,2 отсто%. Ниедна од другите партии не е блиску до изборниот праг од 4 отсто.

„Очекуваме значително поголема излезност на гласачите. ‘Прогресивна Бугарија’ ги привлекува овие новодојденци во изборниот процес, бугарските граѓани“, коментираше социологот Добромир Живков од „Маркет линкс“ за бТВ.

Сè уште има 15 проценти од гласачите кои сè уште не одлучиле за кого ќе гласаат на 19 април, истакна тој. Околу 90 отсто од оние кои досега се двоумеле се упатуваат кон Прогресивна Бугарија, рече социологот. Според Живков, динамиката е главно е кај коалицијата на Радев.

Според оваа анкета, на Радев ќе му треба коалициски партнер да формира влада. Ако овие резултати се пренесат и на гласањето в недела „Прогресивна Бугарија“ би имал 109 мандати, ГЕРБ 57, ПП-ДБ 37, ДПС 21 и Преродба 16. За мнозинство се потребни 121 пратеници

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев пред голема победа во Бугарија

На неколку дена пред изборите во Бугарија…

СДСМ: Мицкоски пријавен кај Вајц, ЕК, ЕУ…

СДСМ остро реагираше на последните јавни изјави…

Подготовки за војна: Пентагон сака автомобилски компании…

Високи американски одбранбени претставници разговарале за производство…

„НЕКА КРЕНЕ РАКА АКО НЕКОЈ НЕКОГАШ ПОМИСЛИЛ…

Албанскиот премиер Еди Рама со објава на…

Мајка на ученик нападна наставничка на родителска…

МВР информира дека синоќа во 22:10 часот…