Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг ќе се одлучува меѓу мирот и војната
Изборите се многу тревожен сигнал за целото општество, изјави бугарскиот премиер Румен Радев пред новинарите, по отворањето на седмото издание на Софискиот економски форум, јави БГНЕС.
Премиерот ги обвини коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија (ПП-ДБ), Движењето за права и слободи (ДПС) и ГЕРБ дека придонеле за ниската излезност преку измените на Уставот и со создавање впечаток дека гласањето е бесмислено.
„ПП-ДБ, ГЕРБ и ДПС го осакатија Уставот. Други поверуваа дека победата е однапред решена и едноставно не излегоа да гласаат. Немаше доволна мобилизација. За приврзаниците на политичката „сглобка“, овие избори се битка за опстанок. За нив, претседателската институција е можност за реванш. Тие не би се двоумеле дури и да нè вовлечат во војна“, изјави Радев.
Според него, Андреј Ѓуров застанал во одбрана на Делјан Пеевски за време на апсењата на градоначалници од ДПС во текот на изминатата недела.
Бугарскиот премиер очекува политичката ситуација да се промени во вториот круг од претседателските избори.
„Во недела ќе избираме меѓу мирот и војната, меѓу демократијата и корупцискиот модел на политичката „сглобка“, меѓу смирената вистина и хистеријата на троловите“, изјави Радев, додавајќи дека нема простор за самозадоволство.
На прашањето на кои гласови ќе смета Илијана Јотова во вториот круг, Радев одговори дека претседателските избори не треба да се мешаат со парламентарните.
„Повторувам, многу луѓе се опуштија врз основа на прогнозите“, рече бугарскиот премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…
Изборите се многу тревожен сигнал за целото…
Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани…
Само 352 бугарски државјани гласале на седумте…
Тесна разлика во Бугарија: Јотова води пред…
При обработени 98,99 отсто од записниците во…
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Бугарија оди во втор круг: Јотова и…
Рекордно ниска излезност го одбележа првиот круг…