Објавено на:

Рама го брани спорниот туристички проект поврзан со семејството Трамп

t

Контроверзниот туристички проект во Звернец, во кој се споменуваат и потенцијални инвестиции од Иванка Трамп и Џаред Кушнер, повторно ја разбранува јавноста во Албанија по протестите и инцидентите што се случија во текот на викендот.

Албанскиот премиер Еди Рама ги бранеше плановите за изградба на туристички комплекс вреден околу четири милијарди евра во крајбрежната област Звернец во регионот Валона, проект кој предизвика силни реакции кај екологистите и локалното население.

Проектот е поврзан со потенцијални инвестиции од Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, што дополнително го зголеми меѓународното внимание кон случајот.

Рама ги осуди инцидентите што се случија за време на протестите во текот на викендот, при што беше повреден грчки државјанин. Албанскиот премиер одговорноста за судирите ја префрли врз приватното обезбедување, ангажирано во областа.

И покрај критиките, Рама останува на ставот дека инвестицијата ќе придонесе за економски развој, отворање нови работни места и привлекување туристи со висока платежна моќ.

Сепак, проектот се планира во еколошки чувствителна зона, која опфаќа лагуна и природни живеалишта на голем број видови птици. Поради тоа, еколошките организации и дел од локалното население жестоко се спротивставуваат на изградбата.

Меѓу противниците на проектот има и припадници на грчкото малцинство во Албанија, кои изразуваат загриженост за заштитата на природата и сопственичките права во областа.

По инцидентите реагираше и грчкото Министерство за надворешни работи, кое изрази сериозна загриженост за насилството и ја поврза ситуацијата со процесот на европска интеграција на Албанија.

Во соопштението од Атина се нагласува потребата од целосно почитување на владеењето на правото, заштита на правата и имотот на припадниците на грчкото малцинство, како и зачувување на природните подрачја во согласност со европските стандарди.

Албанското орнитолошко друштво, една од највлијателните организации за заштита на природата во земјата, остро се спротивставува на проектот и најави нов протест против изградбата во текот на претстојниот викенд.

Спорот околу Звернец се претвора во едно од најконтроверзните прашања во Албанија, отворајќи дебата за балансот меѓу економскиот развој, странските инвестиции и заштитата на животната средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама го брани спорниот туристички проект поврзан…

Контроверзниот туристички проект во Звернец, во кој…

(Видео) Мицкоски: Нема уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ,…

Нема уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ, истакна денеска…

Двајца мртви во Кенија во протести против…

Две лица се убиени во вчерашните протести…

Србија, Бугарија и уште неколку држави од…

Американскиот претседател Доналд Трамп номинираше неколку кандидати…

Пендаровски: На една од средбите разговаравме за…

Поранешниот претседател на државата од редовите на…