Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена интеграција, ветото треба да се укине

t

Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на нов пристап од Европската Унија кон земјите од Западен Балкан, тврдејќи дека постепената интеграција е најреалниот начин Албанија да се приближи кон ЕУ.

Зборувајќи на форумот „ Intelligence on the World, Europe and Italy”, на панелот „Агенда за Европа“, Рама рече дека на Албанија не ѝ е потребно право на вето за да седне на масата на ЕУ.

Рама ја поддржа идејата за постепена интеграција, предлагајќи земјите-кандидатки првично да бидат вклучени во конкретните делови од европската интеграција.

Според него, ова треба да започне со заедничкиот пазар, универзитетите, научните истражувања и другите механизми за соработка, без да се чека полноправно членство.

Рама додаде дека отстранувањето на ветото како елемент на членството ќе го олесни процесот и за Европската Унија и за земјите од Западен Балкан.

„Искрено, не верувам дека некогаш ќе има место за нас во Европската Унија ако нешто не се промени во рамките на Европската Унија. Значи, не верувам дека 2027 година среќно ќе нè чека со нашето право на вето, не верувам во тоа. Не верувам дека во некои главни градови ќе имаат можност да одат и да ѝ кажат на јавноста: „Луѓе, ја примаме Албанија со нејзиното право на вето“, рече шефот на албанската влада, јави АТА.

Рама додаде дека „затоа верувам дека постепената интеграција е единствениот начин да се влезе во Европската Унија и да се започне од вистинскиот и искрениот дел, а тоа е заедничкиот пазар, што е дел од единствената Европа на универзитетите, науката и сите други многу важни елементи“.

Премиерот нагласи дека „не ни треба право на вето за да седнеме на маса. Ни треба сè да биде на маса. И како Европеец сум против тоа. И тоа е всушност, ова е дебатата“.

Рама го опиша ветото како една од психолошките пречки што можат да се отстранат во рамките на реформата на методот на европска интеграција.

„Седумте деца на Урсула мора да ги исполнат сите критериуми, мора да ги следат правилата за секое поглавје и мора да го издржат целиот процес на машинеријата од 35 илјади жени и мажи, што е најбирократската машинерија што човештвото ја создало. Она што мора да се промени е редоследот на дејствување: не прво 33 поглавја, а потоа политичката одлука. Сите 7 деца, вклучително и Украина, мора да бидат околу масата како децата на Урсула. Како деца, тие мора да ги слушаат својот татко и мајка, Франција и Германија, потоа тетка Италија и другите. Но, тие мора да бидат таму во Советот на ЕУ, околу таа маса, додека ги исполнуваат критериумите според правилата, секое поглавје што го склучуваат ги прави членови во рамките на тоа поглавје“, подвлече премиерот на Албанија.

„Ако го затворите поглавјето за наука, култура, образование, за тоа станувате член и имате исти права. Секој што треба да земе повеќе од масата, дава повеќе на масата, но мора да биде присутен“, рече Рама во својот говор за време на форумот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…

Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…

Откриено спомен обележје во чест на Џоко…

Вечерва во Струмица беше откриено спомен обележје…

Рама и Пленковиќ ја прозваа Србија поради…

Премиерот на Албанија, Еди Рама остро реагирше…