Распишан е нов тендер за набавка на 100 автобуси, следната година треба да почне да се реализира БРТ

t

Тендерот за набавка на 100 автобуси за градски превоз е повторно распишан, откако првата јавна набавка беше поништена, кажа во телевизиско гостување градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Денеска е реобјавена постапката за 100 автобуси, искрено се надевам дека овој пат ќе биде успешна. За да не биде градот зависен само од централна власт, владата ќе обезбеди 100 автобуси, но, јас го започнувам за многу скоро проектот БРТ за кој градот ќе обезбеди 40 автобуси“, рече Ѓорѓиевски.

За реализацијата на БРТ системот, тој појасни дека се очекува административните постапки да завршат до крајот на годината.

„Постапките треба да ги завршиме до крајот на оваа година, здравје од наредната да ставиме темели“ рече тој.

Говорејќи за комуналната хигиена, градоначалникот истакна дека е завршена тендерската постапка за набавка на 40 камиони, од кои дел се цистерни за миење на улиците и додаде дека се воведува нов систем за транспорт на отпад со претоварни станици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Распишан е нов тендер за набавка на…

Тендерот за набавка на 100 автобуси за…

Левица: Продолжува голготата на скопјани – пропадна…

„Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со…

Жицницата на Водно останува затворена додека ЈСП…

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски вели…

ЈСП: Жичницата на Водно денеска нема да…

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје информираше…