Расправија за крави завршила со тешки повреди: Три лица нападнале 67-годишна жена во Кривопаланечко

t

Шеесет и седумгодишна жена од кривопаланечкото село Дрење се здобила со тешки телесни повреди откако, според нејзината пријава во полиција, била физички нападната од три лица поради недоразбирање околу крави кои предизвикувале штета.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера, 21 ноември, во 09:00 часот во ОВР Крива Паланка.

„Д.Д.(67) од село Дрење, кривопаланечко пријавила дека во село Дрење била физички нападната од Г.Ѓ. А.Ѓ. и А.Ѓ. поради недоразбирање околу крави кои правеле штети“, се наведува во полицискиот билтен.

При нападот, според пријавата, жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расправија за крави завршила со тешки повреди:…

Шеесет и седумгодишна жена од кривопаланечкото село…

Голема ескалација: Украински беспилотни летала за прв…

Извештаите за активност на беспилотни летала и…

Учество на министерот Муцунски на министерски состанок…

На покана на грчкиот министер за надворешни…

Фиат Панда си оди од Србија?

Александар Вучиќ изјави дека постои можност Стелантис…

Шестмина лишени од слобода при акциска контрола…

Лишени од слобода се шест лица, евидентирани…