Раста пуштен од притвор – соопштија од неговиот тим

t

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста беше приведен во саботата со марихуана на стадионот во Охрид пред самиот концерт. Стефан Раста помина еден ден во притвор за поседување наркотици.

Сега тимот на Раста даде официјално соопштение по овој повод, наведувајќи дека раперот е пуштен од притвор.

– Стефан Ѓуриќ Раста е пуштен од од краткиот административен притвор во Северна Македонија, кој, со целосна соработка, брзо заврши. Раста и „Балкатон генг“ продолжуваат со своите активности без запирање. Им благодариме на фановите во Македонија за нивната голема поддршка, разбирање и трпение. Искрено се надеваме дека наскоро ќе има можност за ново дружење. Стефан лично ќе се обрати на јавноста кога ќе дојде вистинскиот момент за тоа. Ги молиме медиумите за одговорно известување и им благодариме на сите за нивното разбирање и поддршка. Вашиот „Балкатон генг“ – се вели во соопштението.

Да потсетиме дека претходно обвинителството во Македонија даде соопштение во врска со овој случај.

„На 03.08.2025 година, во 00:10 часот, на спортскиот стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при Одделот за внатрешни работи во Охрид го лишиле од слобода С.Ѓ. (36) од Белград, Република Србија, од кого при претресот била пронајдена и конфискувана опојната дрога марихуана. Осомничениот е приведен во полициската станица, а по комплетирањето на документацијата, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раста пуштен од притвор – соопштија од…

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста беше приведен…

Приведени две лица од струшко за обид…

Две лица од струшко се приведени во…

Приведен прилепчанец кој возел пијан на сред…

Вчера во 14:00 часот на бул.„Гоце Делчев”…

Општина Охрид објави јавен повик за изработка…

Општина Охрид распиша јавен повик за избор на најдобро…

Маж се удави во Охридското Езеро

Маж од селото Волино, општина Дебарца вчера…