Револуционерната гарда повторно стави рампа: Ништо од пловидбата низ Ормускиот теснец сè додека Америка се заканува
Иранската револуционерна гарда (ИРГК) објави дека засега нема намера да дозволи нормално отворање на пловидбата низ Ормускиот теснец. Како причини ги наведува континуираните закани од САД, острата реторика на Вашингтон и наводното мешање во морскиот сообраќај во регионот.
– Ормускиот теснец не може да се отвори повторно сè додека продолжуваат заканите и провокативната реторика на американските претставници и нивното мешање во морскиот сообраќај во регионот – изјави ИРГК.
Техеран тврди дека го контролира преминот низ овој стратешки поморски коридор, низ кој пред избувнувањето на сегашната криза секојдневно поминуваа голем број бродови што превезуваа нафта и гас. Од друга страна, американската војска го оспорува тврдењето дека теснецот е затворен и наведува дека комерцијалните бродови продолжуваат да минуваат низ него со помош на американските сили.
ИРГК објави дека во текот на ноќта два танкери за нафта се обиделе да поминат низ јужниот дел од теснецот, за кој Иран тврди дека е небезбеден. Според иранската верзија на настаните, бродовите го сториле тоа со охрабрување од американски авиони.
И двата танкери се вратија кратко потоа, а Револуционерната гарда тврди дека на едниот од нив избувнал голем пожар. Нема објаснување за тоа што го предизвикало пожарот, ниту пак верзијата на Техеран за настаните е независно потврдена.
„Ормускиот теснец е наша територија и морнарицата на Револуционерната гарда цврсто го контролира. Нема да дозволиме никаква сила што доаѓа од илјадници километри да се меша“, порача Револуционерната гарда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Револуционерната гарда повторно стави рампа: Ништо од…
Иранската револуционерна гарда (ИРГК) објави дека засега…
Бронзен медал за Македонија на Европската јуниорска…
На јубилејната 10-та по ред Европска јуниорска…
Евакуации кај Аланија и Ајвалик поради пожарите…
Противпожарните екипи во Турција се борат со…
Речиси 10.000 смртни случаи од екстремните горештини…
Речиси 10.000 смртни случаи поврзани со екстремните…
Медведев: Конфликтот во Украина ќе заврши со…
Претседателот на партијата „Единствена Русија“ и заменик-претседател…