Речиси 10.000 смртни случаи од екстремните горештини во Германија, во Велика Британија бројката надминува 2.800
Речиси 10.000 смртни случаи поврзани со екстремните горештини се регистрирани во Германија од почетокот на годината, додека во Велика Британија оваа бројка надмина 2.800 лица.
Според неделниот извештај на Институтот „Роберт Кох“ (RKI), во Германија до 19 јули се забележани 9.800 смртни случаи поврзани со топлината. Оваа бројка е поголема од податоците за истиот период во која било година од 2016 година наваму. За споредба, во досега најкритичната 2018 година беа регистрирани вкупно 8.900 вакви случаи.
Повеќе од 5.000 смртни случаи во Германија се припишуваат на топлотниот бран во втората половина на јуни, кога температурите достигнаа околу 40 степени Целзиусови. Од РКИ појаснуваат дека топлината ретко е директна причина за смрт, туку најчесто делува фатално во комбинација со постоечки кардиоваскуларни, белодробни или бубрежни заболувања кај постарите лица.
Опозицијата и здравствените организации во Бундестагот бараат итни инвестиции за ладење на болниците, домовите за стари лица и градинките, додека Федералната влада укажува дека одговорноста за овие мерки паѓа на покраините и општините.
Во Велика Британија, Агенцијата за безбедност на здравјето (UKHSA) регистрираше 2.877 смртни случаи за време на топлотните бранови во мај и јуни. Оваа бројка е речиси двојно поголема од вкупниот број на починати од топлина во целата 2025 година (1.504) и 2024 година (1.311).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца италијански техничари загинаа во Кувајт, Иран…
Двајца италијански државјани загинаа, а уште две…
Орбан ќе ги обединува националистите од цела…
Поранешниот десничарски премиер на Унгарија, Виктор Орбан,…
Уставниот суд го укина Колективниот договор и…
Уставниот суд утврди неуставност и донесе одлука…
Скопскиот регион учествува со 47,1 отсто во…
Скопскиот регион остварува најголемо учество во бруто-домашниот…
Блокиран патот Охрид-Скопје кај селото Ботун: Дрво…
Тв Сител јави дека е блокиран патниот…