Рекорден „Генералка викенд“ — десетици илјади волонтери ќе чистат на 500 локации во државата
На 8, 9 и 10 мај, по шести пат ќе се одржи годишната и најмасовната еко-акција во земјава и целиот Балкан – Генералка викенд. Рекордниот еко настан, како што велат организаторите, мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, 600 организации, јавни институции и приватни компании.
Акцијата ќе се спроведува три денови истовремено на повеќе од 500 локации, во 80 општини низ целата земја. Овие еко акции се организирани и координирани од општините во соработка со Црвениот крст.
Отворањето на настанот е во 9 часот на 8 мај и ќе го води Град Скопје со чистење на кејот на реката Вардар. Еко акцијата е организирана и поделена во осум тимови, на потегот од реката Лепенец до мостот „Киро Глигоров“ ќе бидат распоредени на северната и јужната страна на реката Вардар. Во соработка со Комунална хигиена и Паркови и зеленило ќе бидат мобилизирани стотици волонтери од приватни компании, институции и училишта за да ја исчистат најголемата зелена и рекреативна зона во главниот град.
„Помеѓу многуте активности, се спроведуваат и посебни акции како што се: Чистење на дивите сметилишта во Националниот парк Шар Планина, предводени од 20 припадници на Вооружените сили на Р.С. Македонија, чувари на Националниот парк, експертски тим на австриската компанија за управување со отпад Саубермахер и локалното население. Како и еко акција во Охрид (Конгресен центар), за заштита на крајбрежјето, во соработка со студенти и професори од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Општина Охрид, клубовите Сороптимист Мома Охрид и Сороптимист Вадуц како дел од најстарата и најголема светска женска организација Сороптимист Интернешнл и со поддршка на Саубермахер“ соопштија организаторите.
Вакви еко акции се организираат и во училиштата низ државата, преку еко-образовната програма „Еко час“ .
Еко акцијата е волонтерска иницијатива, каде што учесниците се одговорни за сопствената безбедност и стана најголемата еколошка акција досега во нашата земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изминатиот викенд 1711 сообраќајни прекршоци: 828 возеле…
Во деновите од изминатиот викенд (12./13. 07.2025)…
Град Скопје: Успешно реализирана “генералката” за чистење…
Над 200 волонтери успешно ја спроведоа големата…
Следниот викенд повторно продолжен
По продолжениот викенд поради православниот празник Велигден,…
Нема да има викенд Ковид статистика, податоците…
Податоците за состојбата со Ковид-19 од викенд…