Родители, проверете ги цените: За непочитување на попустите следуваат казни до 10.000 евра
Граѓаните може на 191 и на веб-страницата www.dpi.gov.mk да ги пријават сите неправилности и трговци кои не ги почитуваат новите поевтини цени на училишниот прибор.
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе спроведува засилени контроли на теренот низ целата држава за да провери дали правните субјекти и трговците доследно ги применуваат владините одлуки за замрзнување и намалување на цените, кои стапија на сила на 25 август и ќе важат сè до 30 септември 2026 година.
Како треба да бидат обележани поевтините производи?
Доколку забележите неправилности во продавниците, добро е да знаете кои се обврските на трговците. Сите артикли опфатени со мерката на полиците мора да го содржат следново:
Официјалниот натпис: „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ (преземен од веб-страницата на Министерството за економија и труд).
Јасно истакнати цени: Претходната продажна цена и новата, намалена цена.
Кои се задолжителните попусти и кои производи се опфатени?
Попустот мора да изнесува најмалку 10% во трговијата на големо и најмалку 15% во трговијата на мало (во специјализирани книжарници, продавници за спортска опрема што продаваат ранци и сите маркети што имаат училиштен прибор во асортиманот). Намалувањето се пресметува од цените кои важеле на 1 јуни 2026 година (или според приемниците за стока набавена по овој датум).
Мерката го опфаќа речиси целиот училишен асортиман:
Ранци и чанти
Тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала
Дрвени боички, фломастери, текст-маркери, темперни, акрилни и водени бои, четки, пластелин и теста за моделирање
Острилки, гуми за бришење, футроли, лепила, детски ножички и шестари
Линијари, дидактички материјали, папки, дигитрони и украсна хартија
Високи глоби и кази за прекршителите
ДПИ апелира до трговците доследно да се придржуваат до одлуките. Инспекторите постапуваат согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите:
Парични глоби: Од 500 до 10.000 евра, во зависност од големината на фирмите.
Привремена клуч на врата: За целосно непочитување на одлуката предвидена е забрана за вршење дејност во траење од 15 дена.
Доколку забележите дека некој трговец ги нема намалено цените или не ги обележал соодветно производите, веднаш пријавете во ДПИ на телефонскиот број 191 или електронски преку www.dpi.gov.mk.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родители, проверете ги цените: За непочитување на…
Граѓаните може на 191 и на веб-страницата…
Блумберг: Европската комисија ќе предложи укинување на…
Европската комисија подготви широка реформа на политиката…
Вучиќ за Младиќ: Ако побара семејството, Србија…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека државата…
ОН: Речиси половина од анкетираните домаќинства во…
Речиси половина, односно 46 проценти, од анкетираните…
Венецуелка нападната од косовски државјанин во апартман…
Жена од Венецуела пријавила дека била нападната…