РОМАНИЈА ГИ ПОДИГНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИ Ф-16! Соборени два дрона над Црното Море
Романски воени пилоти собориле две беспилотни летала над Црното Море, откако тие навлегле во воздушниот простор на Романија. Информацијата ја соопшти привремениот министер за одбрана на земјата, Раду Мируца.
„Две беспилотни летала пред неколку минути беа пресретнати и соборени од романски воени пилоти над Црното Море. Честитки, колеги! Ништо од она на што се работеше досега не било залудно“, напиша Мируца на својот профил на Фејсбук.
Борбени авиони Ф-16 биле испратени во акција
Според соопштението на романското Министерство за одбрана, два борбени авиони Ф-16 на романските воздухопловни сили полетале во 17:43 часот од воздухопловната база Борча.
Нивното испраќање уследило откако радарските системи откриле група воздушни цели на околу 120 километри источно од Змискиот Остров, во југозападен правец.
Првото летало соборено две минути по навлегувањето
Според временската хронологија објавена од Министерството за одбрана, првото беспилотно летало навлегло во романскиот воздушен простор во 17:59 часот, а било соборено две минути подоцна, во 18:01 часот.
Второто летало влегло во воздушниот простор во 18:01 часот и било соборено во 18:05 часот.
Романското Министерство за одбрана нагласило дека двете беспилотни летала биле соборени над територијалните води на Романија.
Засега, во соопштението пренесено од српските медиуми не се наведени дополнителни детали за потеклото на леталата или за нивната намена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
РОМАНИЈА ГИ ПОДИГНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИ Ф-16! Соборени…
Романски воени пилоти собориле две беспилотни летала…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Тикток-предизвик довел до трагедија во Романија: Момчиња…
Двајца тинејџери загинаа во тешка сообраќајна несреќа…