Објавено на:

Рубио: САД не се во војна со Венецуела, но нема да дозволиме нејзината нафта да биде под контрола на наши противници

t

Марко Рубио изјави дека Соединетите Американски Држави немаат потреба од венецуелска нафта и дека Вашингтон нема да дозволи нафтената индустрија на таа земја да биде под контрола на држави кои ги смета за свои противници.

„Не ни е потребна венецуелска нафта. Во САД имаме доволно сопствени ресурси. Она што нема да го дозволиме е нафтната индустрија на Венецуела да биде контролирана од противници на САД. Зошто ѝ е потребна таа нафта на Кина? Зошто на Русија? Зошто на Иран?“, изјави Рубио во интервју за NBC.

Тој нагласи дека САД нема да дозволат западната хемисфера да стане „база за дејствување на противници, конкуренти и геополитички ривали“, додавајќи дека приходите од венецуелската нафта, според ставот на Вашингтон, треба да ѝ служат на венецуелската јавност, а не на странски интереси.

Во истиот разговор, Рубио беше повеќепати прашан за изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД имаат цел „да управуваат“ со Венецуела. Државниот секретар избегна директен одговор на прашањето кој во моментов управува со земјата, но истакна дека САД очекуваат политички промени.

„Очекуваме промени во Венецуела – и краткорочни и долгорочни. Сакаме земјата да се движи во одреден правец, затоа што сметаме дека тоа е добро за народот на Венецуела, но и во согласност со нашиот национален интерес“, изјави тој.

Рубио, исто така, се обиде да ја намали тензијата околу актуелните случувања, нагласувајќи дека САД не се во војна со Венецуела.

„Нема војна. Ние сме во борба против организациите за шверц на дрога, но тоа не е војна против Венецуела“, рече Рубио, додавајќи дека Вашингтон спроведува сопствени закони поврзани со нафтените санкции.

Тој објасни дека американските власти санкционирале одредени субјекти и преку судски налози, запленуваат бродови со нафта, практика која според него, ќе продолжи и во иднина. Рубио истакна и дека во моментов нема американски воени сили на терен во Венецуела, додавајќи дека претходното присуство било краткотрајно и ограничено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио: САД не се во војна со…

Марко Рубио изјави дека Соединетите Американски Држави немаат…

Нетанјаху ја поздрави американската интервенција во Венецуела

Израелската влада јавно застана зад потезите на…

Мицкоски: Стоиме зад потезите и аргументите на…

„Ние како Влада апсолутно стоиме зад потезите…

Македонија, Косово и Албанија со поддршка за…

Воената операција на САД што доведе до…

Кина повикува САД да го ослободат Мадуро

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека…