Објавено на:

Русија и САД поседуваат 83% од светскиот нуклеарен арсенал

t

Девет нуклеарни сили – САД, Русија, Обединетото Кралство, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Северна Кореја и Израел – продолжија да ги модернизираат и прошируваат своите нуклеарни арсенали во 2025 година, според годишниот извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIRI).

Според SIPRI, повеќето од овие земји распоредија нови системи за оружје кои носат нуклеарни боеви глави или се способни да ги користат. Од 12.187 нуклеарни боеви глави во светот на почетокот на 2026 година, околу 9.745 беа потенцијално достапни за воена употреба. Од нив, приближно 4.012 беа на ракети и стратешки бомбардери, додека останатите беа складирани во воени складишта.

Помеѓу 2.100 и 2.200 боеви глави беа во состојба на висока готовност за балистички ракети. Речиси сите боеви глави во состојба на висока готовност им припаѓаат на Русија и САД, а во помала мера на Франција и Обединетото Кралство. Во извештајот се наведува дека од крајот на Студената војна, бројот на нуклеарно оружје во светот постепено се намалува, бидејќи Русија и САД побрзо ги повлекуваат старите боеви глави отколку што распоредуваат нови.

Сепак, SIPRI проценува дека овој тренд би можел да се промени во наредните години поради забрзаната модернизација на нивните арсенали. Русија и САД сè уште поседуваат околу 83 проценти од сите оперативни нуклеарни боеви глави во светот. Според проценките на SIPRI, САД имаат околу 3.700 боеви глави во својот воен арсенал, од кои 1.770 се распоредени на носачи, додека Русија има околу 4.400 боеви глави, од кои 1.796 се оперативно распоредени. Кина моментално има околу 620 нуклеарни боеви глави и го проширува својот арсенал побрзо од која било друга земја.

Велика Британија не го зголемила бројот на боеви глави во 2025 година, но SIPRI очекува нејзиниот оперативен арсенал да расте во иднина. Моментално има околу 225 боеви глави. Франција продолжи да ги модернизира своите нуклеарни подморници и да развива нова генерација системи, а нејзиниот арсенал се проценува на 290 боеви глави. Се проценува дека Индија го зголемила својот арсенал на околу 190 боеви глави и продолжува да развива нови системи за нивно испорачување. Пакистан има најмалку 170 боеви глави, а се очекува неговиот арсенал да продолжи да расте. SIPRI проценува дека Северна Кореја има околу 60 боеви глави и доволно фисионен материјал за да произведе уште најмалку 30. Израел, кој официјално не признава дека поседува нуклеарно оружје, според проценките на институтот има околу 90 боеви глави и продолжува да го модернизира својот арсенал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија и САД поседуваат 83% од светскиот…

Девет нуклеарни сили - САД, Русија, Обединетото…

Трамп: Нетанјаху „нема да има друг избор“…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека премиерот…

„Каде и да одам, сите ме сакаат“:…

Доналд Трамп повторно ја искористи својата социјална…

Европа е под инвазија на опасни идеологии…

Европа се соочува со „инвазија“ на опасни…

Репрезентацијата на Иран во проблеми откако повеќе…

Репрезентацијата на Иран доби олеснување пред почетокот…