Објавено на:

Репрезентацијата на Иран во проблеми откако повеќе членови на делегацијата за Мундијалот не добиле визи

t

Репрезентацијата на Иран доби олеснување пред почетокот на Светското првенство откако сите 26 фудбалери успешно обезбедија визи за влез во САД. Сепак, проблемите не се целосно надминати, бидејќи дел од стручниот штаб сè уште нема добиено дозвола за патување.

Според информациите на иранските медиуми, без визи останале членовите на медицинскиот тим, како и неколкумина високи претставници на националната федерација. Меѓу нив се тим-менаџерот Мехди Мохамаднаби, генералниот секретар на Федерацијата, Хедајат Момбеини, како и претседателот на иранскиот фудбал, Мехди Таџ.

Останатите членови на стручниот штаб ќе ѝ се приклучат на репрезентацијата во Мексико, каде што селекцијата ќе биде сместена за време на турнирот. Во меѓувреме, иранските власти продолжуваат со напорите за издавање визи и за преостанатите членови на делегацијата.

Првичниот план на Иран беше подготовките и базата за време на Светското првенство да бидат во Тусон, во американската сојузна држава Аризона. Сепак, по консултации со ФИФА, одлуката била променета и тимот ќе биде стациониран во Тихуана, со цел да се намали времето што ќе го поминува на територијата на САД.

На претстојниот Мундијал, Иран ќе се натпреварува во група со Белгија, Египет и Нов Зеланд, во обид да обезбеди место во нокаут-фазата на турнирот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Кина прекина со извоз на горива поради…

Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…