Објавено на:

Русија и Украина разменија по 175 воени заробеници

t

Русија и Украина извршија размена на воени заробеници по формулата „175 за 175“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Според информациите на Министерството, кои ги пренесе ТАСС, 175 руски војници се вратени од териториите под контрола на Киев, додека за возврат се предадени 175 заробеници од украинските вооружени сили.

Во соопштението се додава дека се вратени и седуммина руски државјани, жители на Курската област, кои според тврдењата на Москва биле незаконски држени во Украина.

Руското Министерство за одбрана истакна дека Обединетите Арапски Емирати посредувале во процесот на размена, поддржувајќи ги хуманитарните напори за време на враќањето на војниците од заробеништво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија и Украина разменија по 175 воени…

Русија и Украина извршија размена на воени…

Зеленски: Прекинот на огнот на Велигден би…

Денес ги дефиниравме параметрите на нашиот одговор…

Зеленски: Им помогнавме на земјите од Заливот…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските…

Русија и Украина разменија тела на загинати…

Русија и Украина спроведоа нова рунда размена…

Ројтерс: Москва заработува од иранската криза –…

Русија во април ќе забележи двојно зголемување…