Зеленски: Им помогнавме на земјите од Заливот да ги соборат иранските „шахиди“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските експерти во неколку земји од Блискиот Исток покажаа како украинските пресретнувачи на воздушна одбрана соборуваат ирански дронови за напад „Шахед“ и дека дури и беспилотни летала со млазни мотори биле соборени.
„Ги испративме наши воени експерти на Блискиот Исток, поточно, експерти за дронови-пресретнувачи и експерти за електронско војување. И им покажавме на некои земји како да работат со пресретнувачи. Дали ги уништивме? Да, ги уништивме. Дали ги уништивме во една земја? Не, во неколку. И тоа, според мене, е успех“, рече Зеленски.
Според него, ова не е мисија за обука, туку за поддршка на создавањето современ систем за воздушна одбрана што може да функционира. „Да, тие ги соборија „Шахидите“. И тоа е многу добро. Нашите експерти беа во можност многу брзо да ги советуваат оние земји што ни ги отворија своите системи за воздушна одбрана за тоа како да ги зајакнат своите системи. И некаде директно им го пренесовме нашето одбранбено искуство“, нагласи украинскиот претседател.
Како што вели тој, сето ова имаше многу позитивен резултат и придонесе за почитта кон Украина. „Исто така, соборивме беспилотни летала со млазни мотори. Мислам дека ова е многу добар сигнал. Покажавме дека функционира. Сега е прашање на време кога ќе почнеме масовно да произведуваме пресретнувачи што ќе уништуваат беспилотни летала со млазни мотори“, нагласи украинскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…