Руските власти го уапсија главниот уредник на независниот медиум „Новаја Газета“
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“, Сергеј Соколов, беше уапсен денеска во Москва, а неговата куќа беше претресена, соопшти неговата редакција, пренесува „Ројтерс“.
„Новаја Газета“ објави дека истражителите го привеле Соколов во врска со случајот против неговиот колега, новинарот Олег Ролдугин, кој беше уапсен во април под сомнение за „злоупотреба на лични податоци“, кривично дело за кое е предвидена затворска казна до 10 години.
Ролдугин е во домашен притвор и го чека судењето.
„Новаја Газета“ е основана во 1993 година и е позната по своите истраги за корупција и критичко известување за руската политика.
Поранешниот главен уредник на „Газета“ Дмитриј Муратов ја подели Нобеловата награда за мир за 2021 година и им ја посвети на шестмина свои колеги кои беа убиени поради нивната работа.
Русија ги заостри законите за цензура и го зголеми притисокот врз независните медиуми откако во 2022 година ја започна војната во Украина. Според организацијата за следење на медиумските слободи „Репортери без граници“, во земјата моментално се затворени 50 новинари и медиумски работници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…