Објавено на:

Руте: НАТО ќе го брани секој сантиметар од полската територија

t

НАТО ќе го брани секој сантиметар од полската територија, изјави денеска генералниот секретар на алијансата, Марк Руте.

Изјавата на Руте следува откако Полска вчера соопшти дека Русија го нарушила нејзиниот воздушен простор со три летачки објекти, за кои се верува дека се две ракети и беспилотно летало.

„Можам да гарантирам дека НАТО ќе брани секој сантиметар од полската територија. Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за Европа, генерал Алексис Гринкевич ќе стори сè што е потребно за да ги идентификува заканите против средствата за одбрана и одвраќање и доколку е потребно ќе направи соодветни прилагодувања, нагласи генералниот секретар.

Нарушувањето на воздушниот простор на Полска се случи вчера додека во земјата се одржуваа воени вежби во кои учествуваа сили од „Коалицијата на подготвените“, група земји сојузници на Украина. Полските власти изјавија дека совпаѓањето не е случајност.

На 23 ноември во Брисел ќе се одржи состанок на НАТО на кој ќе се разговара за нарушувањето на полскиот воздушен простор од руски ракети, објави Полската новинска агенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте: НАТО ќе го брани секој сантиметар…

НАТО ќе го брани секој сантиметар од…

Речиси сите летови во Белгија се откажани…

Речиси сите летови во Белгија ќе бидат…

Мицкоски шокиран од низата случаи на семејно…

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски…

Тереза Меј „вџашена“ од плановите на британскиот…

Поранешната британска премиерка Тереза Меј го предупреди…