Објавено на:

Руте: Русија се подготвува за долга војна

t

Русија се подготвува за долгорочна конфронтација и тесно соработува со Кина, Северна Кореја и со Иран, а за да ги наруши нашите општества и да ги урне глобалните правила, вели генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Во своето воведно обраќање на тркалезната маса во Брисел, на која учествуваат и министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, Руте рече дека Русија „продолжува да ја тестира нашата способност за одвраќање“ и дека „се соочуваме со реални и трајни опасности“.

Тие дејствија се неодговорни и опасни, рече Рурте.

Руте, исто така, рече дека Русија „тесно соработува“ со Кина, Северна Кореја и со Иран „за да ги наруши нашите општества и да ги урне глобалните правила“.

– Земјите од НАТО ги зголемуваат своите инвестиции во одбраната, но сите ние мора да го носиме својот дел од товарот. Украина има потреба од нашата поддршка повеќе од кога било, како што се приближува зимата и продолжуваат руските напади, рече Руте.

Се очекува тековните мировни преговори меѓу САД, Русија и Украина, како и прашањата за одбраната, да бидат дискутирани на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.

Пред состанокот Руте изјави дека е добро што се водат мировни преговори за завршување на војната во Украина, но дека е потребно да се обезбеди Украина да биде во најсилна можна позиција. Тој оцени дека разговорите одржани во Москва меѓу Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин биле „важен чекор“ во напорите за наоѓање решение за конфликтот во Украина. Руте нагласи дека ќе следат „следни чекори“, но не сакаше да ја открие нивната содржина.

Тесно се координираме со Американците, но не коментираме за секој поединечен потег – рече генералниот секретар на НАТО.

Петчасовните разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и главните преговарачи на американскиот претседател Доналд Трамп, што се одржаа вчера во Москва, се чини дека не доведоа до пробив во постигнувањето мировен договор за Украина. Иако разговорите беа оценети како „продуктивни“, страните ниту овој пат не успеаја да постигнат компромис за американскиот мировен план. Помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, потврди дека „територијалното прашање останува главна пречка“, што се совпаѓа со изјавата на американскиот државен секретар Марко Рубио, кој ги идентификуваше териториите како клучна точка на спор во мировните преговори.

Портпаролот на Кремљ рече дека средбата во Москва била „конструктивна“, но дека делови од планот сè уште се неприфатливи за Русија.

Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф и зетот Џаред Кушнер, вчера учествуваа во разговорите со Путин по неколку недели интензивна дипломатија насочена кон завршување на војната.

Американскиот тим не коментираше за разговорите по заминувањето од Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте: Русија се подготвува за долга војна

Русија се подготвува за долгорочна конфронтација и…

Безбедносна тревога во Ирска: Пет дронови во…

Ирски воен брод забележал до пет дронови…

Вучиќ алармира: „До 15 јануари издржуваме, после…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги коментираше…

УХМР со предупредување за утрешниот ден

Под влијание на циклонска активност утре насекаде…

Ставен под контрола пожарот во близина на…

Под контрола е пожарот кој избувна вечерва…