Вучиќ алармира: „До 15 јануари издржуваме, после – не!“

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги коментираше санкциите кон Нафтената индустрија на Србија (НИС) за време на гостувањето на телевизија „Пинк“.

Откако ги сподели двете добри вести во врска со продолжувањето на лиценцата на „Лукоил“ и снабдувањето со гас, тој се осврна и на санкциите кон НИС.

„Немаме ние проблеми со резервите, но некој мора тоа да го плати. Ја спуштивме инфлацијата во ноември на 2,7 отсто, тоа влегува во рамките што ги посакувавме. Во најтешки услови успеавме да го направиме тоа и да ги зголемиме пензиите од овој месец, од 1 декември. Горд сум на државата. Имаме многу проблеми, има место за критика и тука би започнал од себе. Знам дека до 15 јануари можеме да издржиме, а после не. Немаме ништо од тоа ако немаме нафта и деривати ако тоа е во Русија. Нашата земја мора нормално да функционира“, изјави српскиот претседател.

Сигурен сум дека Русите ќе договорат пренос на сопствеништвото, во согласност со американските санкции, додаде тој.

„Ми се чини дека ја разбираат позицијата на Србија, ние сме единствените што не воведовме присилни мерки како што тоа беше направено во Романија и Германија“, објасни претседателот на Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…

Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…

ЕУ од утре со нови правила за…

Во Европската унија од утре се менуваат…

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…

Уредувањето и користењето на охридските плажи на…

Судење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети…

Пред судот во Салцбург започна судскиот процес…

Американка две години лажела дека е болна…

Жена од Флорида, САД, лажирала дијагноза за…