Сè уште се трага по вториот американски пилот
Еден член на екипажот е спасен, а по другиот се трага. Техеран демантираше дека го уапсил исчезнатиот член на екипажот. Иран тврди дека пилотот сè уште не е пронајден, додека паралелно трае интензивна потрага и од иранска и од американска страна.
Според светските медиуми, станува збор за еден од двајцата членови на екипажот на американски F-15E Strike Eagle што беше соборен над Иран. Еден од нив веќе е спасен, но вториот и натаму се води како исчезнат. Иран дури ги повика и граѓаните да помогнат во негово пронаоѓање, нудејќи и награда, што дополнително покажува дека пилотот не е под потврдена официјална контрола на иранските власти.
Случајот е особено чувствителен затоа што станува збор за прв потврден американски борбен авион соборен над иранска територија во текот на актуелниот конфликт. Падот на леталото веднаш ја зголеми тензијата околу можноста исчезнатиот пилот да биде заробен, што би отворило уште поопасна фаза во војната меѓу САД, Иран и Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сè уште се трага по вториот американски…
Еден член на екипажот е спасен, а…
Фицо и Орбан бараат ЕУ да ги…
Европската Унија мора да ги укине санкциите…
Нови ракети од Иран кон Израел, повредени…
Пет лица се повредени во Тел Авив…
Газда на куќа во Драчево сексуално вознемирувал…
На 02.04.2026 во 21:00 часот во СВР…
Глобалната нафтена криза се претвора во криза…
Светот се соочува со сериозна закана од…