Објавено на:

Фицо и Орбан бараат ЕУ да ги укине санкциите за руската нафта и гас за да се надмине енергетската криза

t

Европската Унија мора да ги укине санкциите за увоз на руска нафта и гас, да преземе чекори за обновување на гасоводот „Дружба“ и да ја прекине војната во Украина за да се справи со енергетската криза што произлезе од конфликтот во Иран, соопшти словачкиот премиер Роберт Фицо по денешниот телефонски разговор со својот унгарски колега Виктор Орбан.

– ЕУ, а особено Европската комисија, мора веднаш да го продолжат дијалогот со Русија и да обезбедат политичко и правно опкружување во кое поединечните земји-членки и ЕУ како целина можат да ги пополнат резервите на гас и нафта што им недостасуваат и да дозволат снабдување со овие стратешки суровини од сите можни извори и насоки, вклучително и од Русија, вели Фицо во изјавата до медиумите по разговорот со Орбан.

И унгарскиот премиер, исто така, ја поддржа позицијата дека ЕУ треба да ги укине санкциите за руските енергенси. Во видео порака објавена денеска на социјалните медиуми, Орбан истакнува дека разговарал со Фицо за „критичната ситуација“ со енергијата во Европа.

– Се приближува сериозна енергетска криза, која се продлабочува со секој изминат ден. Европската економија е загрозена од недостиг на енергетски ресурси и, како резултат на тоа, од зголемување на цените. Секој ден е важен. Затоа бараме Брисел веднаш да ги укине санкциите и ограничувањата наметнати врз руската енергија, предупреди унгарскиот премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…

Вчерашната вечер не се покажала како празнична…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…

Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…