Објавено на:

САД и Кина се договорија да ги намалат царините за стоки во вредност од 30 милијарди долари

t

САД и Кина се договорија да ги намалат царините за стоки во вредност од 30 милијарди долари и да започнат дијалог за вештачката интелигенција, соопштија двете земји по посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Вашингтон. Намалувањето на царините ќе се однесува на американскиот извоз на земјоделски производи, дрвна граѓа и козметика, како и на увозот во САД, вклучувајќи мали апарати за домаќинство, играчки и украсни предмети, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Двете земји постигнаа договор за препораки за поповолен царински третман на стоки што не се од стратешко значење („нечувствителни стоки“) во вредност од 30 милијарди долари во двете насоки, додадоа од Белата куќа. Тридневниот самит меѓу Си и американскиот претседател Доналд Трамп заврши во петокот; средбата беше фокусирана на лична дипломатија без некои поголеми јавно објавени пробиви, пренесе агенцијата.

Во меѓувреме, Си пристигна во Пекинг, објави агенцијата Синхуа. Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека двете страни исто така се договориле да формираат трговски совет и да ги прошират резултатите од претходните разговори одржани во Куала Лумпур. Договорот уследи по одлуката на двете најголеми светски економии да го продолжат трговското примирје – кое првично требаше да истече на 10 ноември – за два месеца, со што се добива дополнително време за работа на потенцијално поширок трговски договор, изјави во средата американскиот министер за финансии Скот Бесент.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји оцени дека посетата на Си ги збогатила конструктивните и стабилни односи меѓу Кина и САД, ја зачувала севкупната стабилност и отворила ново поглавје во билатералните односи. САД и Кина исто така се договорија да започнат дијалог за ризиците и придобивките од вештачката интелигенција, при што следната рунда разговори е закажана за ноември. Постигнат е и договор за воспоставување канал за комуникација за инциденти поврзани со вештачката интелигенција, соопштија Белата куќа и кинеското Министерство за надворешни работи. Од Белата куќа наведоа дека лидерите се договориле да го користат терминот „суперинтелигенција“ наместо „вештачка интелигенција“, потег што беше поздравен од Пекинг.

Двете страни исто така се договорија меѓусебно да се поддржуваат во организирањето на самитите на лидерите на АПЕК (APEC) и Г20, со планови двајцата претседатели да присуствуваат на собирите организирани од другата земја. Во однос на надворешната политика, САД и Кина објавија дека се согласиле оти Иран мора да ја исполни својата обврска да не развива нуклеарно оружје и дека ниту една држава или субјект не треба да наплаќа такси за транзит на меѓународните пловни патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД и Кина се договорија да ги…

САД и Кина се договорија да ги…

Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Кинески хакер нападна над 100 компании користејќи…

Агенти со вештачка интелигенција (ВИ) од компании…

Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп…

Мнозинството граѓани во САД и во Канада…

Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…