Саичиќ: Вечерва славиме победа, од утре градиме иднина

t

Кандидатот за пратеник во Собранието на Србија од Студентската листа, Радомир Саичиќ, изјави вечерва дека на парламентарните избори покажале дека промените не само што се можни, туку дека за нив постои и волја. Тој додаде дека сега им претстои да покажат дека се достојни за довербата на граѓаните.

„Студентите победија. А со нив победи и надежта дека Србија може да биде земја на правда, слобода и достоинство. Нека оваа ноќ биде почеток на едно ново поглавје“, рече Саичиќ на прес-конференција од штабот на Студентската листа.

Како што додаде, вечерва треба да започне поглавје во кое граѓаните на Србија нема да бидат поделени на победници и поразени, туку сите заедно ќе градат земја во која секој има право на глас, на вистина и на иднина.

„Не ветуваме дека сè ќе биде лесно. Ветуваме дека нема да заборавиме зошто почнавме. Нема да ги заборавиме луѓето што ни ја укажаа довербата. Нема да ги заборавиме вредностите за кои се боревме. И нема да заборавиме дека власта не е привилегија, туку одговорност кон народот“, порача Саичиќ.

Тој истакна дека за нив Србија не е само земја на картата, туку ја сочинуваат нејзините луѓе – нивната надеж, нивната борба и нивното право да живеат достоинствено.

„Секој граѓанин на Србија го даде својот глас и порача дека му е грижа за иднината на својата земја. Вечерва славиме победа, од утре градиме иднина“, рече Саичиќ.

Тој нагласи дека ова е победа на храброста над стравот и дека таа не е ничиј личен трофеј, туку им припаѓа на сите.

Саичиќ ги повика граѓаните да ја прослават победата мирно и достоинствено.

„Не се боревме со месеци за вечерва да го изгубиме она што нè красеше цело време“, рече Саичиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Саичиќ: Вечерва славиме победа, од утре градиме…

Кандидатот за пратеник во Собранието на Србија…

Студентската листа води на изборите во Србија…

Студентската листа е победник на предвремените парламентарни…

(Видео) Солзи радосници и ора по улиците…

Ширум Србија се слави за победата на…

(Видео) Вучиќ призна пораз: Студентите победија, одиме…

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ прризна пораз…

Засилени активности во Пионирскиот парк во Белград:…

Во Пионирскиот парк во Белград се наоѓа…