Свети апостоли Петар и Павле – Петровден

t

Македонската православна црква и верниците денеска го одбележуваат Денот на светите апостоли Петар и Павле. Со Петровден завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на апостолите. Црквата го празнува овој ден на 12 јули секоја година, а следниот ден е соборниот празник на дванаесетте големи апостоли заедно…

Апостол Павле, познат и како Свети Павле или Павле од Тарс ([Σαούλ (Саул), Σαῦλος (Сулос), и Παῦλος (Павлос)] Error: {{Langx}}: text has italic markup (help); латински: Paulus или Paullus; хебрејски: שאול התרסי Šaʾul HaTarsi (Сол од Тарс )[2] (c. 5 – c. 67 ),[3] е еден од најважните светци во проповедењето и распространувањето на христијанство. Познат како тринаесетти Христов апостол. Единствените податоци за животот на Свети Павле се текстовите од Новиот завет.

Роден е во Тарс во Киликија (денешна Турција) во еврејско семејство. Неговото име на хебрејски јазик е Саул (Савел, Савле). Во исто време се здобил и со римско државјанство.

Пораснал во Ерусалим. Се занимавал со изработка на шатори. Од рабинот Гамалиел бил учен на фарисејството, студент интересирајќи го Талмудот а станал и еден од главните членови на антихристијанскиот еврејски совет, во чии активности спаѓа прогонувањето на христијаните и убиството на Свети Стефан, кое го одобрувал и самиот Павле.

Христијанските текстови оделуваат големо значење во преминувањето на Апостол Павле во христијанската вера. Во Библијата се раскажува дека на пат кон Дамаск тој видол необична светлина од која тој ослепил и го слушнал гласот на Господ од небото, кој му рекол: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш? Јас сум Исус, којшто ти го прогонуваш“. Тој настан бил преврт во неговиот живот, прекрстувајќи се во Дамаск и станувајќи еден од најголемите проповедници на христијанството.

По враќањето во Ерусалим, во почетокот неговите истомисленици се сомневале во него, неверувајќи му. На своето прво мисионерско патување, бил испратен од страна на Барнаба, кој претходно го внел во заедницата на Ерусалимската црква. Проповедал во Антиохија, Киликија, Кипар, Ефес, Атина, Македонија, Коринт и Шпанија. Обично за Свети Павле се споменуваат четири мисионерски патување, со кој тој првин во саботите влегувал во синагога за да на евреи|евреите им го сподели евангелие|евангелието, но кога почнале евреите да не го прифаќаат и не го пуштаат во нивните храмови, тој им се обраќал и на поганите.

Во 67 година, Свети Павле бил осуден на смрт и погубен во Рим. Од овде се смета дека Свети Павле бил римски државник бидејќи само римските граѓани биле погубени на таков начин. Според христијанската митологија, со смртта му настапиле големи чуда. Пресечената глава на апостолто продолжувала да го слави името Господово, а на местото каде што паднала се отвориле три извора, односно на местото на денешниот манастир “Три Фонтани“ кај Рим.

Во неговите посланија, кој се составен дел на Новиот завет, Свети Павле одговара на проблемите на христијаните, на проблемите околу црква|црквата со другите религии, средбата со Исус Христос, потоа со Апостол Петар и останатите апостоли во Ерусалим, за неговото мачење, затворање и прогонување.

Светиот апостол Павле особено е значаен за Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Според тоа се смета дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања. Тука се добиени и првите битки во походот на христијанството кон Европа и светот.

Кај народот, Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некои го одбележуваат како празник само до пладне, а попладне работат.

Еден од најзначајните настани на Петровден е почетокот на традиционалната Галичка свадба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Свети апостоли Петар и Павле – Петровден

Македонската православна црква и верниците денеска го…

Што е досега продадено од имотите за…

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски,…

Со слоганот „Преродба на Франција“ и со…

Лидерката на француската десничарска партија Национален собир,…

Пукање во Торонто, две лица убиени на…

Најмалку две лица загинаа, а уште четворица…

САД и Иран и синоќа се ракетираа

Соединетите Американски Држави извршија нови воздушни напади…