Што е досега продадено од имотите за кои Груевски тврди дека не се негови
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повторно е во фокусот на јавноста поради продажба на три станови, кои му беа запленети за случајот „Плацеви на Водно“, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство.
На продажба се станови во “Панорама резиденс“ на скопско Водно. Истите ќе се продаваат на електронското надавање е на 29. јули, а од државата се проценети на 2.457.000 евра.
Агенцијата за управување со запленет имот за случајот му заплени пет станови, а досега се продадени два станови на улицата “Бихаќка“ во Скопје.
Поголемиот стан од 57 метри квадратни на јавното надавање достигна цена од 131.186 евра, а помалиот од 38 квадрати од 90.016 евра.
Тој пак тврди дека становите не се негови. Во објава на Фејсбук тврди дека бизнисменот Јордан Камчев бил уценет да каже дека становите кои сега се на продажба биле негови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…