Светска банка: Кризата на Блискиот Исток го забавува растот на Западен Балкан, 3% е прогнозата за Македонија

t

Кризата на Блискиот Исток ќе влијае и на економиите на Западен Балкан, а земјите во регионот затоа ќе се соочат со побавен економски раст и зголемена инфлација оваа и следната година, предупреди Светската банка (СБ).

Редовната шестмесечна регионална анализа објавена во Сараево наведува дека се очекува „пригушен“ економски раст во текот на 2026 и 2027 година, под влијание на ефектите од прелевањето на конфликтите на Блискиот Исток, тврдоглавата инфлација и зголемената неизвесност.

Прогнозите на Светската банка за Западен Балкан покажуваат дека економскиот раст во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија ќе достигне 2,8 проценти во 2026 година, што е за 0,3 процентни поени под претходните проекции. Во 2027 година, се очекува регионалниот раст умерено да се забрза на 3,2 проценти.

Највисок раст на БДП од 3,9 проценти за оваа година е проектиран за Косово, а најнизок за БиХ, каде што треба да биде на ниво од 2,5 проценти. Косово треба да има и највисок раст на БДП во регионот во 2027 година, додека раст од три проценти е проектиран за БиХ, Северна Македонија и Србија.

За да се одржи моментумот на реформите во земјите од регионот, кои се соочуваат со недостиг на работна сила, ќе биде клучно да се зголеми учеството на активното население на пазарот на трудот, велат тие.

Населението на Западен Балкан, според извештајот, старее побрзо од кое било друго место во Европа. Во текот на следната деценија, најмалку едно од пет лица во регионот ќе биде над 65 години, работното население бара подобри плати и перспективи во странство, а иако има недостиг на работна сила во клучните сектори, многу луѓе не работат или се откажале од барање работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светска банка: Кризата на Блискиот Исток го…

Кризата на Блискиот Исток ќе влијае и…

Освен „Дура“ и „Аптив“ нема други најави…

Освен „Дура“ и „Аптив“ за сега нема…

Цената на суровата нафта се искачи на…

Глобалниот референтен фјучерс за сурова нафта брент…

Растат цените на нафтата на светските берзи

Цените на нафтата утрово забележаа благ раст…

Синдикалната кошничка порасна за речиси 1.000 денари…

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец…