Синдикалната кошничка порасна за речиси 1.000 денари за еден месец – Над 3.000 денари за четири месеци

t

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец април 2026 година изнесува 68.797,00 денари, споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година која изнесува 67 818,00 денари е зголемена за 979,00 денари. Со изнајмен стан од 60 м2 за месец март изнесува 84 172,00 денари.

Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за четири месеци јануари, февруари, март и април 2026 година изнесува 3.305,00 денари, соопштија од Сојузот на синдикати на Македонија.

Од Министерството за економија пак, претходно соопштија дека цените речиси и да не пораснале.

Цените на основните прехранбени производи во просек речиси и не се променилр од 1 февруари до 1 април, забележува Министерството за економија и труд во анализата на трошоците на животот во овој период. Во анализата, која е изработена во соработка со Државниот пазарен инспекторат, се опфатени цените на 55 најпродавани производи.

„Резултатите покажуваат дека во анализираниот период е регистриран минимален пораст на продажните цени од 0,43 отсто, додека набавните цени бележат нешто повисок раст од 1,01 отсто. Истовремено, просечната бруто профитна маржа кај трговците е намалена од 16,28 на 15,80 отсто, што укажува на тоа дека дел од притисокот од растот на набавните цени е апсорбиран од трговците, со цел да се задржи стабилноста на цените за граѓаните“, наведуваат од Министерството за економија и труд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Очекуваме раст на БДП меѓу 3,5…

Очекуваме годината да ја завршиме со раст…

БДП пораснал за 4,3% во второто тримесечје…

Државниот завод за статистика (ДЗC) објави дека…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Зиков: ДОЗВОЛЕТЕ ДАТА ЦЕНТРИ, не се живее…

*Објава на Фејсбук на Љупчо Зиков Во…

Димовски во ТИРЗ Струмица: Работиме на создавање…

Активно се работи на дополнително подобрување на…